Расте невработеноста во Шпанија: Во третиот квартал 92.700 луѓе биле без работа

Невработеноста во Шпанија благо порасна на 11,84 отсто во третиот квартал, од 11,60 отсто во вториот квартал, објави денеска шпанскиот Национален институт за статистика (INE).

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, бројот на невработени квартално се зголемил за 92.700 лица на 2.855.200.

Во истиот период зголемен е и бројот на вработени, за 209.100 лица, односно за 0,99 отсто во однос на вториот квартал и сега изнесува 21.265.900.

Вработеноста во последните 12 месеци е зголемена за 720.100 лица, односно за 3,51 отсто во однос на истиот квартал лани. Стапката на учество на работната сила во Шпанија благо порасна на 59,41 отсто во третиот квартал, во споредба со 58,97 отсто во вториот квартал.