Расте невработеноста во Словенија

20

slovenija nevrabotenostНевработеноста во Словенија во декември пораснала на 13% од 12,2% во ноември, покажуваат податоците што ги објави националната канцеларија за статистика.

Во Словенија во декември се регистрирани вкупно 118.061 невработени од 911.009 вкупна работна сила, во споредба со ноемвриските 111.471 невработени лица.

Стапката на невработеност во декември 2011 година, во Словенија беше 12,1%.