Расте оптимизмот на германските извозници

19

Оптимизмот на германските извозници има голем раст во март бидејќи проценуваат дека ќе имаат корист од забрзаниот економски раст на Азија и САД, но и за еврозоната, покажува анализата на Германскиот економски институт.

Извозните очекувања во германската преработувачка индустрија пораснаа на 24,9 поени во март во однос на 11,9 поени во февруари, што е највисоко ниво од јануари 2011 година, пренесува Танјуг.

Подобрување на извозните очекување е забележано во скоро сите индустриски дејности.

Во електронската индустрија се надеваат на значителен пораст на порачките од странство, а исто расположение владее и меѓу производителите на машини и опрема, кај кои индексот на извозни очекувања се искачи на највисоко ниво од ноември 2017 година.

Позитивно расположение владее и во автомобилскиот сектор, како и во дрвната индустрија, каде што во претходните два месеци имаше изразен песимизам.

Од друга страна, германските компании што произведуваат облека и обувки очекуваат пад на продажбата на странски пазари во следниот период.

Фото: Pexels