Расте откупната цена на тутунот

38

tobacco-1652069_960_720

Фото: Pixabay

Просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017-та достигна 212,7 денари за килограм, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство откупени се повеќе од 19,4 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони евра. Тутунот годинава е со добар квалитет, кај компаниите има интерес за откуп и засега нема пријавено проблеми во однос на проценката на класите.

Производството на тутун е стратешка култура на Република Македонија, со извоз во вредност од 100 милиони евра годишно. Во просек годишно откупот на тутун е околу 25 милиони килограми, со вредност од над 80,5 милиони евра.