Расте побарувачката за велосипеди

161

Иако постојат дејности коишто бележат загуби поради пандемијата со коронавирусот, сепак има некои трговци кои имаат раст на продажбата.

Продажбата на велосипеди поради коронавирусот бележи голем раст, особено по олеснувањето на мерките за забрана воведени поради Ковид-19 во многу земји.

Многу луѓе сега патуваат на работа со велосипед, а најголемиот британски трговец на велосипеди наведува дека продажбата на велосипедска опрема пораснала за 500% од почетокот на карантинот. Многу мали продавници ги продале сите залихи последниве недели и чекаат испорака на нови залихи, пишува Guardian.

Компанијата Broadribb Cycles во Англија, којашто обично продава 20 до 30 велосипеди неделно, сега продава 50 велосипеди секој ден.

Од компанијата Evans Cycles наведуваат дека владее невидена побарувачка за велосипеди и дека сега чекаат нова испорака.

Градови ширум светот работат на подобрување на велосипедска инфраструктура. Во Германија се проширени велосипедски патеки, во Париз се направени 650 километри велосипедски патеки, а во Австралија, исто така, е забележана огромна побарувачка за велосипеди.

Фото: Pixabay