Расте продажбата на автомобили во Србија

70

Во втората половина на мај и во јуни оваа година почна да расте продажбата на автомобили, по застојот во март и април поради пандемија од коронавирусот, изјави претседателот на Асоцијацијата на увозници на моторни возила во Србија, Милан Белин, пренесуваат тамошните медиуми.

“Продажбата на автомобили порасна од половината на мај и во јуни, бидејќи најверојатно оние кои планирале да купат на Саемот за автомобили, што беше откажан, купуваа откако се смири пандемијата“, рекол Белин.

Продажбата на автомобили за првите пет месеци од оваа година е помала за 38% во однос на истиот период лани. Продажбата на автомобили, според него, во јули е намалена, но се проценува дека причина за тоа е почетокот на сезона на годишни одмори.

Цената на продадени автомобили е од 10.000 до 35.000 евра, а поевтините од 10.000 до 15.000 ера ги купуваат граѓаните, а за поскапите најчесто купувачи се компании.

Фото: Freepik