Во текот на минатата година, од вкупната потрошувачка на електрична енергија за греење и ладење во Европската унија 22,1% доаѓа од обновливи извори, покажуваат податоците на Eurostat.
Уделот на обновливите извори на енергија за греење и ладење (во домаќинства, индустриски постројки, болници, училишта и слично) е скоро двојно зголемен, па од 11,7% од 2004-та на 22,1% во 2019-та година.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем процент во струјата потрошена за греење и ладење од обновливи извори има Шведска (66,1%), по што следуваат: Латвија (57,8%), Финска (57,5%) и Естонија (52,3%).
Од друга страна, најмал удел имаат: Ирска (6,3%), Холандија (7,1%), Белгија (8,3%) и Луксембург (8,7%).
Исланд има највисок удел на енергијата од обновливи извори во струјата потрошена за греење и ладење и тоа 79,4%.
Фото: Freepik