Растот на потрошувачката го вивна Волстрит

43

Акциите пораснаа на Волстрит во средата, бидејќи податоците за силниот раст на потрошувачката ги поддржаа надежите на инвеститорите дека американската економија може да избегне рецесија, и покрај агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД.

Dow Jones зајакна 0,11 отсто, на 34.128 поени, додека S&P 500 порасна за 0,28 отсто, на 4.147 поени, а индексот Nasdaq 0,92 отсто, на 12.070 поени.

Поддршка за пазарот даде извештајот дека прометот во трговијата на мало во САД пораснал за 3 отсто во јануари, додека аналитичарите очекувале раст од 1,8 отсто.

Силниот раст на потрошувачката покажува дека економијата е отпорна и може да избегне рецесија, велат аналитичарите.

Од друга страна, пречка за пазарот и натаму е високата инфлација, поради што се проценува дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки најмалку уште двапати, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

„Податоците за потрошувачката покажаа дека економијата е се уште силна. Но, тоа води до заклучок дека конечната каматна стапка на ФЕД ќе биде повисока од очекуваното и дека нема да има намалување на каматните стапки оваа година“, објаснува Рос Мејфилд, стратег во Baird.

Од почетокот на годината, цените на акциите се зголемија силно бидејќи инвеститорите се надеваа дека ФЕД може да го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки со основна каматна стапка под нивото од 5 проценти и дека на крајот на оваа година, кога инфлацијата ќе се смири, каматата може да започне циклусот на намалување на стапката.

Во фокусот на инвеститорите се и кварталните деловни резултати на компаниите. Извештаи досега се објавени од повеќе од половина од компаниите во индексот S&P 500, при што речиси 70 отсто од нив пријавиле поголема добивка од очекуваната.

Сепак, аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека заработката на компанијата во последниот квартал од минатата година паднала на годишна основа.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,55 отсто, на 7.997 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,82 отсто, на 15.506 поени, а париски CAC 1,21 отсто, на 7.300 поени.

Фото: Facebook