Разгледајте го новиот луксузен хотел во Кина во форма на потковица

83

2

По хотелот во форма на едро (Burj Al Arab) во Дубаи и хотелот во форма на брод качен на столбови (Marina Bay Sands) во Сингапур, изгледа дека луксузните хотели се натпреваруваат во дизајнот. Последниот во лудите дизајни е хотелот Sheraton Huzhou Hot Soring Resort кој се наоѓа во близина на Шангај, Кина и има форма на потковица.

Хотелот има 27 ката, 321 соба, три ресторани, фитнес сала, базен, спа. Лобито е грандиозно, со мермерни подови, таван украсен со Сваровски кристали и кристални светилки.

Хотелот дизајниран од архитектот Ма Јансонг официјално ќе биде отворен во октомври 2013 година, а ноќевање ќе чини 400 долари.

1

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14