Разговорите на WhatsApp може да протечат – како да се заштитите?

24

И покрај тоа што WhatsApp има системи за безбедност, често се случува да протечат информации од оваа апликација.

WhatsApp e популарна апликација која секојдневно ја користат многу луѓе. Меѓутоа, често е мета на хакери и се крадат лични податоци на корисниците.

Според она што го тврдат од WhatsApp, никој нема дозвола да ги надгледува разговорите на другите корисници, ниту нивните фотографии или видеоповици. Facebook исто така нема пристап до тие информации, ниту WhatsApp.

Затоа се користи end-to-end енкриптирањето на податоците кое овозможува податоците да ги гледаат само корисниците коишто ги праќаат и примаат.

Меѓутоа, и покрај сите безбедносни мерки се случува да протече некоја комуникација меѓу корисниците што претставува проблем. Покрај тоа, сите податоци на корисникот се чуваат во cloud. Доколку се забележи непристојна содржина истата може да биде испратена до истражните органи.

Од друга страна, доколку направите screenshot, фотографијата може да протече бидејќи не е заштитена со end-to-end енкрипција.

Поради тоа се препорачува да бидете внимателни:

1. Не дискутирајте за теми кои се поврзани со криминал.

2. Не објавувајте или споделувајте компромитирачки фотографии и видеа.

3. Не објавувајте информации за вашата локација.

4. Не откривајте информации за финансии на WhatsApp.