Разликата во цената на златото и среброто најголема од 1991 година

38

Како резултат на растот на ризичните инвестиции, се намали “апетитот“ на инвеститорите за скапоцени метали, така што цената на златото падна за 2,6% на 1.683 американски долари, најмногу за три месеци.

Иста е ситуацијата со среброто, коешто од минатиот понеделник со цена од 18,95 долари го достигна највисокото ниво за девет месеци, скокна за 27% од крајот на април.

Разликата помеѓу цената на унца злато и унца сребро сега е 96,6 пати повисока, што е најголема од 1991 година и од времето на Заливската војна, кога цената на златото беше скоро 100 пати поголема од цената на среброто.

Неочекуваниот пад на американската невработеност го поттикна растот на индексот на акции, кој во скоковите се враќа на нивоата пред епидемијата, Dow Jones на неделно ниво порасна речиси 7%, а од рекордот во февруари оддалечен е само 5%.

Фото:Pixabay