Разлики помеѓу добри и одлични компании

69

boi1

Фото: Pixabay

Секој се труди да се покаже во најдобро светло. Некои успеваат да бидат добри, но има и такви кои одат едно ниво погоре и стануваат одлични.

Согласно со тоа постојат добри и одлични компании. И едните и другите доследно си ги работат своите задачи. Добрите компании си ги завршуваат обврските во дадениот рок, се јавуваат на телефон кога клиентот ќе ги побара, изнаоѓаат решенија кога ќе настанат проблеми – прават сè онака како што треба.

Сепак, добрите компании секогаш ќе бидат чекор – два зад оние одличните. Кога тогаш нема да изгледаат толку добро и нема да достигнат успех како една одлична компанија. Одличните компании се проактивни, со клиентите се поврзани на едно повисоко ниво и добро ги знаат нивните проблеми, нудат решенија и идеи и пред да бидат прашани. Редовно им се јавуваат на клиентите по телефон и одржуваат одлична комуникација.

Нивните вработени се посветени професионалци чија цел е да се осигураат дека корисниците се секогаш задоволни со нивниот производ или услуга. Постојано бараат начини да ги услужат клиентите најдобро што можат, а доколку имаат прашања и недоумици, се обраќаат кај колегите и претпоставените за заедно да најдат одговор или решение во најбрз можен рок.

За разлика од нив, добрите компании претпоставуваат дека нивните клиенти се среќни со услугата што ја добиваат. Од другата страна, оние со одлична репутација се обидуваат да дознаат дали потрошувачите се задоволни од понуденото, дури и ако тоа значи добивање на лоши вести. Најдобрите компании ги слушаат своите клиенти и веднаш одговараат на било каков фидбек. Учат од нив и на тој начин го подобруваат нивниот бизнис.

Одличните компании се стратешки насочени, фокусирани се на една цел и не дозволуваат ништо да им застане на патот. Нивните вработени ги почитуваат роковите и добро знаат што секоја личност во компанијата работи и кон што цели. Овие компании имаат и одлични лидери. Тоа се луѓе коишто ги мотивираат останатите и создаваат познанства базирани на доверба и отворена комуникација. Одличните компании преземаат ризици, што значи дека наидуваат и на неуспех.

Но, она што ги прави посебни е тоа како се однесуваат кон тој неуспех. Тие зборуваат отворено и ги вклучуваат сите вработени во дискусијата. Учат од грешките и не се лутат сè додека имало добри намери зад одлуката.

Одличните компании ги ценат оние вработени што преземаат ризици, зошто на крајот на денот тоа го води бизнисот напред.

Ако сакате да бидете една од успешните компании, прво треба да не оставате место за сомнеж кај клиентите дека вие сте вистинскиот избор за нив. Второ, треба да вложите малку повеќе напор и труд за да останете компетитивни. Трето, потребни ви се вистинските лидери на вистински работни места. И секако, многу е важно да бидете проактивни, да комуницирате и да не се плашите од преземање ризици.