Разнобојни лулашки ’разиграа’ прометна улица во Луксембург

124

swings-max-mertens-installations-luxembourg_dezeen_936_10Уметникот од Луксембург, Макс Мертенс инсталираше 450 дрвени лулашки во разни бои над прометната улица во градот Руј Филип II, каде се наоѓаат голем број на бутици, пишува Dezeen. Мертенс рачно ги изработи лулашките, а неговата цел беше да му даде ново искуство на градот, односно да ги потсети луѓето на едно минато носталгично време.

Уличната инсталација беше креирана како дел од натпревар организиран од Здружението Руј Филип II во соработка со градската општина и Музејот Casino Luxembourg.

Мертенс беше одбран од петмина други финалисти, а за да ги направи лулашките му беа потребни месец и половина. За комплетирање на инсталацијата се погрижи цел тим од работници на кои им требаа три дена за да ги закачат лулашките на соодветното место.

Ова не е прв пат уметникот да создаде интересна инсталација. Мертенс креираше и “урбана игра” вклучувајќи џиновски црвени балони со детектори на движење коишто уличните минувачи си ги подаваат додека одат.
swings-max-mertens-installations-luxembourg_dezeen_936_14swings-max-mertens-installations-luxembourg_dezeen_936_4