Разочарувачка статистика: Eдна третина од возрасните во ЕУ не можеле да си дозволат годишен одмор, во оваа земја е најтешко

Во Европската Унија минатата година, околу 27 проценти од населението на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела годишен одмор далеку од дома, објави денес Евростат.

Статистичката служба на ЕУ наведува дека овој удел е намален за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал, за 10,6 процентни поени, отколку пред десет години, во 2014 година.

Најголемиот удел од населението, кое не можело да си дозволи една недела одмор, е забележан во Романија (58,6 проценти), Грција (46) и Бугарија (41,4).

Спротивно на тоа, најмал број пријавени случаи е регистриран во Луксембург (8,9 проценти од луѓето), Шведска (11,6) и Холандија (13 проценти).