Развиен прототип на 3D принтер што може да печати човечка кожа

25

p

Тим од биолози создаде прототип на 3D принтер што може да креира функционална човечка кожа, пишува Independent.

Научници од Универзитетот Карлос Трети во Мадрид, Центарот за енергетика, животна средина и технолошки развој и болницата Грегорио Маранон велат дека кожата изработена во нивната лабораторија може да се користи за трансплантација при изгореници или за тестирање на хемиски и козметички препарати.

3D испечатената кожа, дизајнирана за трансплантација, мора да биде направена од клетки на пациентот за телото да не ја одбие.

“Овој метод на печатење овозможува кожата да биде генерирана на автоматски начин и процесот е поевтин од рачно производство“, вели Алфредо Брисак, извршен директор на BioDan Group, компанија што се занимава со биоинженеринг и сака да ја комерцијализира оваа технологија.