Развивање преку обука, менторство и коучинг (4)

383

couching

Фото: Pixabay

Менторство

Менторството ѝ помага на личноста да ги обликува своите верувања и вредности на позитивен начин, од личност која има претходно искуство во конкретната област. Менторството претставува релација која може да трае подолг период и да опфаќа повеќе развојни аспекти на личноста. Се состои од неформални средби, кои најчесто се одржуваат кога лицето под менторство има потреба од некаков совет, насока или, пак, поддршка. Менторот е обично поискусен и поквалификуван од лицето што е под менторство и тоа е најчесто лице со повисока позиција во организацијата и е во можност да го пренесе своето знаење и искуство. Најчесто фокусот на менторството е на кариерата и на личниот развој и помага околу професионалното развивање на таа личност. Агендата ја поставува оној којшто е под менторство, во координација со менторот кој  дава поддршка и насоки за подобро снаоѓање на својата позиција.

Менторството на менџери е еден од видовите на менторство при што се пренесуваат технички, комуникациски и организациски вештини од страна на менторот кон менаџерот кој е под менторство. Со оглед дека одредени менаџери, во текот на својата кариера, можат да имаат повеќе ментори, можат да се вратат наназад и да ги увидат придобивките од различните ментори и кој во секој дел од менаџерските вештини најмногу помогнал. Иако менарските релации за развој се долгорочни и може да траат во просек околу 5 години, тие се движат низ четири предвидливи, но јасно одделени фази, како што е наведено во табелата.

1

Исто така, според Кету Крам, менторските релации покриваат две важни функции:

  • Функција за равој на кариерата преку кои на помладиот менаџер му се покажуваат релациите во животот на организацијата и се подготвува за напредување во кариерата, и
  • Психолошка функција преку која се развива чувство за компетентност, самодоверба и ефективност во извршувањето на менаџерската позиција.

2

Клучните психолошки и организациски фактори кои предизвикуваат движење на менторската релација се прикажани во следната табела:

3

Коучинг

Што претставува коучингот

Коучингот преставува метод за менаџерски развој кој се спроведува на самото работно место преку кој поискусните менаџери ги советуваат и ги насочуваат помладите менаџери во решавање на менаџерски проблеми. Коучингот ѝ помага на личноста да ја зголеми самосвесноста, да ги постави и да ги постигне целите, заради подобрување на работењето. Коучингот претставува партнерски однос помеѓу оној што го прави коучингот и индивидуата која по сопствена волја се поврзува со оној којшто коучира на длабокото ниво на верувања, вредности и визија. Во тој однос, коучингот го води клиентот/лицето од тимот итн. кон изнаоѓањето на најдобри решенија и кон посветеност тие да се остварат.

Коучингот преставува процес на откривање, поставување цели и избор на активности за реализација на натпросечни резултати. Коучингот ја насочува веќе успешната и самомотивирана личност кон поголема ефективност.

Коучингот најчесто се изведува во сесии еден на еден со цел да се направи разговор за развој, наменет за конкретни проблеми што треба да се подобрат и преставува краткорочна активност.

Коучингот е недирективна форма на професионален развој која е фокусирана на подобрување на работењето и развојот на индивидуалните вештини.

Коучингот се користи за решавање на широк опсег на предизвици (а сепак е фокусиран само на еден конкретен предизвик во конкретно време). Коучингот работи со психолошки здрави поединци и самосвесни или, пак, се во можност да постигнат самосвесност и најчесто е временски ограничен процес. Тој најчесто опфаќа лични прашања, но акцентот е на ефикасноста и на продуктивноста во работата.

Коучингот најчесто се состои од структурирани средби коишто редовно се одржуваат при што оној што го води коучингот не мора да има директно искуство во специфичната област, со која се занимава вработениот или менаџерот.

Придобивки од коучинг

Најчестите придобивки од коучингот се:

4

Организациски придобивки

Коучингот ги има следниве организациски придобивки:

5

Може да се направи следнава споредба на коучингот со другите техники за развивање на вработени и на менаџери:

Коучинг

  • Коучерот ќе чекори покрај вас додека возите сами велосипед и ќе ве насочи како да го правите тоа подобро (треба да се има одредено знаење).

Менторство

  • Менторот ќе ги сподели своите искуства со вас околу тоа како се вози велосипед и ќе ви покаже како се прави тоа.

Советување

  • Советникот ќе ве советува (ќе ви ја објасни теоријата на возење велосипед) да возите велосипед.

Психотерапија

  • Психотерапевтот ќе се труди да ги реши вашите стравови околу возење на велосипед.

Тренинг

  • Тренерот ќе работи со вас додека вие напорно во група ги совладувате вештините на возење велосипед.