Реакција од Москва: „ЕУ не е во добра форма…“

53

Русија одговори на последната рунда санкции на ЕУ, велејќи дека Москва ќе најде други увозници на нејзината нафта.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, се огласи на Твитер, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Како што со право рече вчера, Русија ќе најде други увозници. Важно е да се напомене дека таа сега противречи на нејзината изјава вчера. Многу брзата промена во начинот на размислување покажува дека ЕУ не е во добра форма“, напиша Улјанов на Твитер.