Ребрендирани вината Александрија на Тиквеш

51

FOTO_Alexandria

Винарската визба Тиквеш го објави најновото модернизирање на своето продуктно портфолио. Направено е модернизирање и одвојување на популарниот вински бренд Александрија во посебна линија, којашто покрај добро познатите црвена и бела Александрија е збогатена и со ново полусуво розе вино.

Инаку, новото вино Александрија розе, уште пред неговото лансирање на пазарот, покажа дека ќе биде совршена екстензија на еден од најпопуларните и најпреферирани вински брендoви во земјава и регионот. На реномираниот меѓународен вински натпревар Citadelles du Vin, што се одржа во Бордо, Франција, најновиот член на линијата Александрија освои златен медал, како и сребрен медал на натпреварот Concours Mondial de Bruxelles во Брисел, Белгија.

“Ако денот се познава по утрото, тогаш освоените медали за новото Александрија розе е најдобар показател за оправданоста на нашата одлука и на вложувањата во дополнување на исклучително популарниот вински бренд Александрија и негово издвојување во посебна линија. Веруваме дека и со оваа иновација во нашето продуктно портфолио креиравме дополнителна вредност за љубителите на квалитетното вино и за продолжување на традицијата на овој вински бренд и неговата популарност, којашто е присутна во целиот регион, уште од неговото појавување пред 35 години, па сѐ до денеска“, објаснува генералниот директор на Тиквеш, Игор Илиевски.

Дополнително, направена е и промена и подобрување на изгледот на вината од линијата Classic, кои добија нова поексклузивна амбалажа што ќе ги направи уште попривлечни за потрошувачите, како во земјата, така и на странските пазари.

Посетителите на овогодишниот Вино Скоп и љубителите на овие вина, може да земат учество во натпреварот за најдобра фотографија на популарната социјална мрежа Instаgram (#СекојаКапкаЕИнспирација) и со тоа да се приклучат кон кампањата Секоја капка е инспирација, којашто го комуницира новиот изглед на Александрија.