Ребрендирање на CEED Македонија и доделување на сертификати и благодарници на учесниците во програмите

53

ceed

Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, на 17 октомври ќе го прослави своето ребрендирање и ќе ги промовира новите генерации менаџерски програми. На овој свечен настан што ќе се одржи во хотел Александар Палас, ќе бидат доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија.

Настанот е од отворен карактер за секого кој е заинтересиран за вклучување во глобалната мрежа на CEED.

CEED преку меѓусебно поврзување на учесниците со менторите и со претпримачи кои можат да им помогнат во бизнисот и со тоа што на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари, игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.

Повеќе информации на www.ceed-macedonia.org или кај Биљана Рамљак ([email protected]) и Александар Богески ([email protected]).

e_Pokana_CEED