Речиси 900.000 туристи во моментов престојуваат во Хрватска

73

Хрватска во јули досега ја посетиле 1,7 милиони туристи, кои оствариле 10,8 милиони ноќевања, што е ист резултат како и лани, а во земјата во моментов престојуваат речиси 900.000, покажуваат податоците на хрватскиот Туристички одбор (HTZ).

„Задоволни сме од резултатите од претходниот дел од годината и јули. Се наоѓаме во екот на сезоната, кога во земјава во моментов престојуваат речиси 900.000 туристи. Наскоро очекуваме тој број да надмине еден милион туристи на дневна основа кои ќе престојуваат во хрватските дестинации“, коментира директорот на ХТЗ, Кристјан Станичиќ.

Тој додава дека во моментов најмногу туристи има во Истра, Вир, Ровињ, Умаг, Пореч, и Дубровник.

Најголем дел од туристите се Германци, Словенци и локални жители, а потоа следат Австријците, Чесите и Полјаците.