Речиси еден милион Македонци имаат Фејсбук профили

45

Бројката на регистрирани Фејсбук профили на македонски граѓани изнесува 963.000, а само во последната година таа е зголемена за 90.000, покажуваат податоците на Интернет Ворлдстат.

Во светот досега има регистрирано повеќе од милијарда корисници на социјалната мрежа, од кои 251 милион се во Европа. Од регистрираните 53% се жени, 47% се мажи.

На мрежата дневно се логираат 700 милиони луѓе, а секоја секунда се отвораат пет нови профили.

Во однос на старосната граница најприсутни се лица на возраст од 25 до 34 години, а речиси половина од младите меѓу 18 и 24 години веднаш по станувањето наутро се вклучуваат на Фејсбук.

Социјалната мрежа најмасовно се користи меѓу 13 и 15 часот и во четврток и петок.

На Фејсбук дневно се споделуваат 4,75 милијарди содржини, а се поставуваат 300 милиони фотографии. Просечно еден корисник на Фејсбук останува 20 минути.