Ред Бул под уцена

100

red bulАвстриската компанија Ред Бул ја уценуваат непознати лица, кои се закануваат дека со фекални бактерии ќе ги загадат лименките на рафтовите во продавниците, доколку не им биде исплатена одредена сума на пари. Како што пишува Der Kurier, компанијата добила две заканувачки писма, а заканите траат веќе неколку недели. Според весникот, оваа уцена веројатно се однесува на лименките во продавниците во Виена и Салцбург.

Во првото писмо пишувало дека Ред Бул ги игнорира барањата на уценувачите по псевдо-преговорите, иако неговиот небезбеден и нехигиенски систем на отворање на лименки веќе предизвикал жртви. За второто писмо од компанијата не сакаат да коментираат додека трае истрагата.

“Соработуваме со полицијата и го делиме мислењето со нив дека сме близу до откривање на сторителите. Нема да коментираме понатаму додека трае истрагата”, велат од компанијата.

Ред Бул наведе дека анализата на лименките во продавниците што ги навеле уценувачите засега не покажале никакви негативни резултати.