Red Bull Kluge неверојатна машина на атлетски погон

23

Red Bull создаде генијална машина која работи на малку необичен погон – домино енергија на спортисти. Red Bull Kluge може најпросто да се објасни како машина, но оваа машина е се освен едноставна. За да се сними четири минутното видео во хангар за авиони, потребни беа 11 атлети од светска класа, екипа од 100 луѓе и многу труд.

Видеото започнува со скокот со падобран на Шон МакКормак, по него е Џои Брезински на скејтборд, голферот Рики Фоулер, бајкерот Дени МакАскил, скејтерот Рајан Шеклер, возачот на BMX Дру Безансон, тркачот Брајс Мензис, потоа следува уште еден тркач Рис Милен, мотоциклистот Роби Медисон, спринтерката со пречки Лоло Џонс и на крај, сноубордерот Пет Мур.

Сето ова е креација на Адам Садовски, кој, како што самиот вели, од својата втора година е опседнат со фузија на науката и уметноста. Добил повик од Red Bull, излегол на локацијата и по 17 дена и 3.422 часа, бил подготвен да снима. Снимањето траело четири часа.

И да не должиме многу, видеото говори само за себе. Погледнете:

А како изгледаше процесот на снимање, погледнете на следното видео: