Редок виолетово-розов дијамант е продаден на аукција на Sotheby’s во Швајцарија за 26,6 милиони долари.
Дијамантот од 14,8 карати, наречен The Spirit of the Rose (Духот на розата), е најголемиот од ваков вид што досега се појавил на аукции бидејќи 99% од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати, пренесува BBC.
Благодарение на неговата големина, ретка боја и беспрекорно чиста структура, дијамантот достигна висока цена на аукцијата на аукциската куќа Sotheby’s во Женева.
Името на купувачот не е познато. Дијамантот е ископан во Русија во рудникот Алроса во 2017 година.
Фото: Pixabay