Редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ

21

На 15.06.2021 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.

Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација Четиринаесетта емисија (RMDEN14) Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија (RMDEN15), Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16), Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17), Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18) и Обврзниците за денационализација-Деветнаесетта емисија (RMDEN19).

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.06.2021 година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2021 година.