Редовно годишно собрание на Македонско – Германското стопанско здружение

176

Upraven odbor Makedonsko-Germansko stopansko zdruzenie 25.03.2015

Петнаесеттото редовно годишно собрание на членови на Македонско – Германското стопанско здружение се одржа вчера во Скопје.

Мартин Кнап, раководен член на Управниот одбор на здружението го отвори собранието, правејќи ретроспектива на спроведените активности во изминатата 2014 година.

“Македонско – Германското стопанско здружение организираше 14 работни настани за своите членови во 2014, воедно го зголеми бројот за 24 нови членови со тоа и понатаму останува најголемо билатерало стопанско здружение во земјата со 179 компании членови“, рече тој.

На  Годишното собрание се одржа и избор на Претседател и Управен одбор. 65 присутни претставници на компании членови на Македонско – Германското стопанско здружение, тајно гласаа за Претседател и Управен одбор на здружението.

Михаел Дикамп од ПЦЦ Хидро, повторно е избран за Претседател на Македонско – Германското стопанско здружение, кој со своето активно учество во креирањето на активностите во измината 2014 даде голем придонес во работењето на здружението.

Д-р. Срѓан Керим останува и во иднина почесен претседател на здружението.