Refill Shoppe – продавница што нуди дополнување на потрошени производи за бањата и домот

24

Фото: Refill Shoppe

Refill Shoppe продавница лоцирана во Вентура, Калифорнија, на своите купувачи им нуди дополнување на веќе потрошените производи за бањата и домот. Шампони, течни сапуни, гелови за туширање, есенцијални масла се само неколку артикли од широката палета, пишува Inhabitat.

Целта, според основачката Мишел Стивенс, е да се намали пластичниот отпад и едно шише да се користи неограничен број на пати.

Таа на почетокот не била сигурна дека луѓето ќе го прифатат овој бизнис модел, но денес продавницата работи одлично, а нарачки се прават и онлајн.

Доколку некој клиент нема соодветно шише за дополнување, може да си одбере од нивната веб страна. Во спротивно нарачката ќе стигне во фино спакувани кесички, а се наплаќа според количината.

Може и да се донесе полупразно шише, коешто таму се мери и се наплаќа само дополнувањето.Refill Shoppe нуди и сунѓери, четки, разни крпи, алатки за чистење, нега и слично.