Regi – Robo, систем што наплаќа и пакува без човечка интервенција

61

korpa

Фото: YouTube Screenshot

Продавницата Lawson во Осака во партнерство со јапонската компанија Panasonic претставија автоматски систем што овозможува скенирање на продукти, наплаќање и пакување без човечка интервенција.

Ова ќе ги направи продавниците поефикасни, а пазарењето на клиентите позабавно, пишува New Atlas.

Regi – Robo е автоматски систем што користи електронски RFID (Radio frequency identification) тагови коишто се закачени на секој продукт во продавницата. Продуктите се ставаат во паметна корпа, а кога купувачот завршува со пазарењето, корпата ја става на посебно означена површина. Дното на корпата се отвора, а роботска машина ја повлекува корпата надоле и ја пакува содржината во кеса. Тогаш се скенираат таговите и на посебен екран се покажува сметката којашто купувачот може да ја плати електронски, а откако ќе се изврши плаќањето кесата излегува од отворот.