Регионална конференција за вработување во Скопје

38

Создавање работни места за поттикнување на еднаквост и просперитет е тема на дводневната регионална конференција за вработување во Скопје.

Се очекува учество на стотина креатори на политики и експерти од југоисточна Европа и Турција. На конференцијата ќе стане збор за тоа како да се реши кризата со невработеноста во регионот и да се стимулира економски раст што ќе создава повеќе и поквалитетни работни места.

Конференцијата е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На конференцијата ќе бидат претставени успешни примери на политики и програми за промовирање на претприемништвото како едно од решенијата за високата стапка на невработеност кај младите, прилагодување на програмите за развој на вештините преку со побарувачката на пазарот на трудот, поттикнување на оддржливи и “зелени” компании, како и политики кои имаат за цел да го отворат пазарот за најтешко вработливите групи на граѓани.