Регионална конференција за женско претприемништво – добри практики и вмрежување денеска ќе биде отворена во Мулти бизнис центарот на Скопски саем.
Конференцијата е дводневен настан во насока на промовирање добри пракси, размена на искуства и деловно поврзување на жените претприемачи од регионот, во организација на фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, а поддржана од Министерство за економија на Република Македонија, Централната европска иницијатива CEI и Enterprise Europe Network.
На конференцијата ќе учествуваат истакнати жени претприемачи од соседните држави и ќе ги споделат нивните успешни приказни.
Вториот ден од конференцијата ќе биде наменет за бизнис средби, на кои компании од регионот ќе имаат можност за остварување понатамошна соработка со македонски компании.