Регионална средба на македонски и бугарски градоначалници и бизнисмени

27

Регионална средба на градоначалници и бизнисмени од Македонија и Бугарија денеска ќе се одржи во Благоевград. На средбата ќе се разговара за регионалната соработка и поефикасното искористување на европските фондови за проекти за пограничен локален развој.

Од македонска страна на средбата најавено е присуство на градоначалниците од Штип, Кочани, Пробиштип и Делчево, како и на стопанственици кои ги развиваат своите бизниси во двете држави.

Средбата се одржува на покана на градоначалникот на Благоевград, Атанас Камбитов.

Од страна на Македонско-бугарската стопанска комора веќе е иницирана идеја за одржување на редовни полугодишни бизнис и експо форуми. Организатор на првиот ваков форум ќе биде Штип, а иницијативата ќе биде претставена и на средбите на градоначалниците од Петрич и Ќустендил.