Реклама на Nike на напуштените терени од ОИ 2004 во Атина

37

reklama

Американскиот бренд за спортска опрема, Nike, сними реклама на местото каде што во 2004 година се одржаа Олимписките игри во Атина. За објектите Грција во 2004 година потроши 15 милијарди долари, а беа напуштени веднаш по завршувањето на игрите.

Во видеото што го изработи агенцијата Wieden + Kennedy Амстердам се појавуваат четворица грчки спортисти. Одделот за маркетинг на брендот се надева дека ќе ги инспирира атлетите (професионалци и аматери), дека ќе им покаже на младите дека спортот може да ги мотивира да си го подобрат животот и може да им помогне да ја преземат иднината во свои раце.