
За Бразилците да можат да уживаат колку што можат подолго на плажа, без да се грижат дали ќе им се испразни батеријата на мобилниот телефон, Nivea направи печатена реклама со тенка соларна плоча и приклучок. Освен тоа, користејќи ја колекцијата Nivea Sun, нема да изгорат на сонцето. Рекламата е пуштена во бразилскиот магазин Veja Rio, а ја осмисли Giovanni + Draftfcb од Сао Паоло.