Реклама за пиво целосно снимена под вода

41

reklama

Бразилската агенција F/Nazca Saatchi & Saatchi го прифати предизвикот и за пивскиот бренд Skol Beats Senses направи подводна журка.

Како што пишува AdWeek, снимањето се одвивало во посебен базен во Сао Паоло, а за потребите за рекламата направена е посебна подводна структура во која е сместена сценографијата. Актерите и статистите имале посебни тегови, а при снимањето, надвор биле присутни многу нуркачи со боци со кислород.