Реконструкцијата на Појасот Газа ќе чини 90 милијарди долари

13

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека ќе бидат потребни најмалку 90 милијарди долари за обнова на разурнатиот Појас Газа.

Тој во говорот во Каиро рече дека побарал од египетските институции да ги проценат трошоците за обнова на Појасот Газа, кој беше значително уништен од израелските напади и нагласи дека за тоа ќе бидат потребни 90 милијарди долари, пренесува Анадолија. Тој посочи дека „она што се случува во Газа е предизвик за Египет и за целиот регион“.

„Преминот Рафа е отворен 24/7 и сакаме да донесеме помош во Појасот Газа“, рече Ал Сиси. Тој додаде дека Египет испорачува хуманитарна помош во Газа по воздушен пат, бидејќи испораката на храна, лекови и други потреби по пат е отежната.

Египет, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Катар, Оман и Бахреин веќе една недела спроведуваат заеднички операции за испорака на храна по воздушен пат во Газа, а исто така и САД.