Рекорден интерес за изборот на Најпроактивни агро бизниси од ПроКредит банка

27

prokredit

Рекордни 150 примарни земјоделци, преработувачи и откупци се пријавија за наградувањето  на Најпроактивни агро бизниси од ПроКредит банка. Од примарните производители, најголем интерес има во категориите сточарство и овошни насади, а споредено со минатите години расте бројот на пријавени сертифицирани органски производители. За прв пат оваа година за изборот се пријавија и преработувачи и откупци на земјоделските производи, а најголемиот број на апликации се од македонската конзервна индустрија. ПроКредит Банка го организира овој избор по трет пат, а оваа година бројот на пријавени е најголем.

Наградените ќе бидат соопштени на агро бизнис форумот, кој ќе се одржи на 17 декември во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје. Наградени со саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа- Fruit Logistika во Берлин, ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и пласман во странство.

На форумот Министерството за земјоделие ќе ги соопшти новите Законски измени кои отвораат нови можности за македонските земјоделци, а ќе се отворат и прашања како заеднички можеме да создадеме препознатлив македонски производ, да бидеме поконкурентни и иновативни.

Настанот е отворен за сите бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, прехранбената индустрија и нивните комплементарни дејност и од настанот гледаат отворена бизнис можност за нова соработка, размена на искуство, следење на трендовите на иновации.

Ваквиот настан е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка која е насочена кон поддршка на секторите со висок потеницијал во македонската економија.