Рекорден пад на турската лира

83

Турската лира забележа рекорден пад во однос на доларот по смената на гувернерот на тамошната централна банка.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган го смени поранешниот гувернер и на негово место го назначи Сахап Кавичиоглу, кој изјави дека монетарната власт ќе продолжи да го трасира патот кон континуирано намалување на инфлацијата, којашто во последните четири години е двоцифрена.

Загриженоста дека настаните во Турција ќе предизвикаат проблеми на другите финансиски пазари ја зголеми вредноста на доларот поради неговиот статус на безбедна валута.

Турската лира на азиските пазари се тргувала за 8,10 долари, што претставува пад од 11%. Во еден момент лирата паднала за дури 14,9% на 8,4850 долари, што е близу до рекордно ниското ниво од 8,5800 долари.

Фото: Pixabay