Рекорден профит на нафтените компании

12

Петте најголеми нафтени компании во светот заедно остварија вкупен профит од повеќе од 200 милијарди долари во 2022 година, а за година компаниите ExxonMobil, Chevron, Shell, BP и TotalEnergies повеќе од двојно го зголемија својот профит.

Visual Capitalist известува дека глобалните цени на суровата нафта ескалирале бидејќи светските економии почнале да закрепнуваат, па побарувачката значително се зголемила за прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Руската инвазија на Украина дополнително ги зголеми цените на фосилните горива, бидејќи трговијата со овие извори на енергија беше под лупа, се наведува.

Американскиот нафтен гигант ExxonMobil забележа најголем дел од вкупната добивка. Во 2021 година, компанијата оствари профит од 23 милијарди долари, или помалку од половина од она што успеа да го постигне во 2022 година.

Профитот на Шеврон се зголеми за повеќе од 134% на 36,5 милијарди долари, а Шел забележа добивка од 39,9 милијарди долари, најмногу во 115-годишната историја на компанијата.

Фото: Facebook