Рекордна невработеност во еврозоната

44

Невработеноста кај 17 членки од еврозоната пораснала на рекордни 11,6% во септември.

Според податоците на Евростат, најголема невработеност во еврозоната од 25,8% има во Шпанија, а веднаш зад неа е Грција со 25,1%. Двете земји кои се во центарот на тригодишната должничка криза во еврозоната, меѓу младите имаат стапка на невработеност повисока од 50%.

Евростат соопшти дека инфлацијата во еврозоната во октомври паднала на 2,5% од 2,6% во септември, но и понатаму е над целта на Европската централна банка, под 2%.

Прелиминарните податоци покажуваат дека цените на енергенсите, кои во моментов се главен двигател на инфлацијата, пораснале за 7,8% во октомври, успорувајќи го растот од 9,1% во септември.