Рекордни цени на дизелот во Германија

205

Поради енергетската криза во Германија, цената на нафтените производи драстично порасна, а цената на дизелот достигна највисока вредност досега.

Просечната цена на литар дизел во моментов изнесува 1.555 евра, што е рекордна цена, пренесува Билд.

Имено, досега во август 2012 година беше забележано рекордно ниво на цените на дизелот со 1.554 евра. Ниту бензинот не заостанува многу. Во неделата, се продаваше за 1.667 евра за литар. Тоа значи дека само неколку центи го делат од рекордот од септември 2012 година од 1.709 евра. Цените на горивата се зголемуваат со месеци, а главниот двигател е зголемената побарувачка поради економското закрепнување по првите бранови на корона, што во комбинација со недоволната понуда, предизвика раст на цените на нафтата.

Министерот за транспорт Андреас Сојер повика на итни мерки за да се запре поскапувањето на горивата.