Рекордни инвестиции во европски технолошки стартапи – годинава создадени 18 еднорози

69
Colleagues giving a fist bump

Европските технолошки стартапи успеаја да привлечат рекордно ниво на инвестиции оваа година, што може да достигне вкупно 41 милијарда долари, што е за 500 милиони долари повеќе отколку во 2019 година.

Според извештајот којшто го изработува британскиот фонд за ризичен капитал Atomico, по забавување во првата половина на годината, повеќе од пет милијарди евра се инвестирани во стартапи за европска технологија само во септември.

Се наведува дека во Европа има повеќе од 140.000 стартапи, од кои над 43.000 имале барем една рунда инвестиции, при што околу 15.000 од нив собрале до два милиони долари, а само 74 од нив повеќе од 250 милиони долари.

Според извештајот, оваа година во Европа, благодарение на инвестициите, се “создадоа“ дури 18 технолошки стартапи чија проценка надмина една милијарда долари (т.н. еднорози).

Фото: Freepik