Рекордни приноси на ориз во октомври преку системот капка по капка

21

Рекордни приноси ориз во октомври годинава се очекуваат од проектот во Кочанско што се реализира со поддршка на Швајцарската влада, јавува Миа.

Станува збор за експериментален проект за органско производство на ориз со систем за наводнување капка по капка.

“Целта на проектот е квалитетно оризопроиводство, добивање поголеми приноси оризова арпа по единица површина, намалување на употребата на пестициди и заштеда на вода во текот на наводнителната и вегетативна сезона. Задоволни сме од досегашната реализација и очекуваме успешни резултати“, истакна амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Македонија Сибиле Сутер Тејада, при денешната посета на Кочани.