Новите капацитети за производство на енергија од обновливи извори ќе достигнат рекордно ниво оваа и следната година, додека оние што се поврзани со фосилни гориво ќе се намалат поради коронакризата, проценува меѓународната агенција за енергетика.
Новите капацитети за производство на енергија од обновливи извори оваа година ќе се зголемат за 4%, на рекордни 198 гигаватчас, покажува годишниот извештај на агенцијата. Тоа значи дека нивниот удел во вкупните капацитети оваа година ќе достигне скоро 90%.
Во првата од годината, проектите забавија поради пандемијата, предизвикувајќи проблеми и стопирање на веќе започнатите проекти.
Во меѓувреме, изградбата продолжи, производството забрза, а логистичките проблеми во најголема мера се решени.
За следната година, капацитетите за производство на енергија од обновливи извори ќе се зголеми за 10%, што е највисоко ниво од 2015 година.
Фото: Freepik