Рекордно производство на Тесла

119

Компанијата Тесла објави дека во јуни го достигнала највисокото ниво на производство во историјата, иако вкупно во првиот квартал е намалено за 15,3 отсто на 258.580 возила.

Во исто време, испорачани се 254.695 возила и покрај проблемите со синџирот на снабдување и затворањето на фабриките.

Затворањето во Шангај поради Ковид-19 предизвика пад на испораките во трите месеци што завршуваат во јуни, што доведе до 17,7 отсто послаб резултат во споредба со првиот квартал минатата година, наведуваат од Тесла.

Автомобилскиот гигант ќе го објави својот извештај за заработката од вториот квартал на фискалниот квартал на 20 јули. Во својот извештај за првиот квартал, Тела рече дека приходите скокнале на 18,8 милијарди долари, што е за 81 отсто повеќе од истиот период во 2021 година.

Фото: Facebook