Рековинст со хуманитарна забава во Велес по повод Светски ден на лицата со пречки во развојот

26

replay

По повод светскиот ден на лицата со пречки во развојот, хуманитарната компанија Рековинст и Здружението на лица со церебрална парализа, утре, 03.12.2016 година со почеток во 16 часот, организираат хуманитарна забава во кафе Casa во Велес. За добрата забава ќе се „погрижат“ младите талентирани момчиња на сакс и гитара, групата Риплеј.

Целта на хуманитарниот настан е да се одбележи Светскиот ден на лицата со посебни потреби, да се испрати јавен апел и да се подигне свеста на народот.

Здружението на лица со церебрална парализа од Велес опстојува 19 години и зад себе има многу успешни проекти насочени кон пристапноста во градот, инклузија на децата со попреченост во образованието, отворање на дневен центар во Општина Чашка, соба за полуинтензивна нега на детскиот оддел во градската болница Велес, создавање локален акционен план за лица со попреченост, летно рекреативно и рехабилитационо летување во Црна Гора и многубројни други активности со кои се подобрува животот на лицата со попреченост на локално и национално ниво.

Групата Риплеј ја сочинуваат вокалистот и гитарст Никола Велиновски и саксафонистот Столе Коцев. Годинава, го прославија својот втор роденден. Најновото нешто што можеме да го слушнеме од RePlay е новата песна Така случајно. Во соработка со секогаш оригиналниот Бојан Трајковски (Eye Cue) и Inovativa group, направија нешто што ќе остави траен белег на македонската музичка сцена.