Renault 4L ЕВ концепт во чест на 60-годишнината на моделот

50

Со цел да ја прослави 60-годишнината на култниот Renault 4, францускиот производител го ангажираше дизајнерот Матје Лехание да го реосмисли автомобилот.

Францускиот дизајнер Матје Лехание доби задача од страна на францускиот производител Renault да го реосмисли култниот модел на компанијата, Renault 4L, во чест на 60-годишнината на автомобилот кој беше продаден во повеќе од 8 милиони примероци за време на неговиот 30-годишен животен век. Конечниот производ е целосно електричен концепт инспириран од шик хотелите.

Suite N°4 концептот е базиран на Renault 4L но ги заменува панелите од задниот дел за поликарбонатни прозорци со цел да им се понуди на патниците изобилие на светлост. Покривот, во меѓувреме, е покриен со транспарентни соларни панели со цел да се помогне во полнењето на целосно електричниот погон кој го заменува стандардниот погон.

Со цел да се рефлектира фактот дека сега е целосно електричен, традиционалната решетка на моделот е замената со полиран алуминиумски панел со цел да му се даде на автомобилот флуиден приказ. Бојата, од друга страна, е дизајнирана да делува поцврсто. Нанесена во три слоја, истата треба да изгледа како бетон, што е своевиден потсетник на дизајнерските трендови во модерната архитектура.

Во внатрешноста, користени се ткаенини со цел да се добие едно потопло чувство. Предните седишта и контролната табла се покриени во жолто кадифе, додека задните седишта се обложени во густа, ребреста, шанилна ткаенина за да делуваат поробусно.

Багажникот исто така мина низ голема трансформација, со оглед на тоа дека добива подлога на подот од природни влакна и дрвена фиока која може да се отстрани за да се добие седиште кога задната врата е отворена. Според Renault, сите материјали се добиени од најдобрите париски производители на мебел.

„Сакав да го спојам светот на автомобилите и архитектурата со цел да создадам хотелска соба на отворено. Уште подобро од најдобриот апартман, автомобилот е токму онаму каде што сакате да биде, без оглед дали е крај море, среде поле или движејќи низ градот“, изјави Лехание.

Преземено од Avtoplus.mk