Renault Hippie Caviar Hotel е електричен кампер концепт

77

Компанијата Renault ќе го искористи престојниот Салон за каравани во Дизелдорф за да го претстави својот нов Hippie Caviar Hotel концепт

Францускиот производител Renault има ново хипстерско и револуционерно решение за сите љубители на кампувањето во својот Hippie Caviar Hotel концепт. Опишан како „хипи-шик комбе“, концептот е базиран на престојниот Trafic EV, а од компанијата за него велат дека хотел со пет ѕвездички кој ќе можете да го одведете каде што сакате.

Renault не откри многу детали за моделот, но истиот се одликува со двотонски Almond Flakes и Anodiesd Silver Grey екстериер комплетиран со покривна тераса. До истата се стигнува преку скала и поседува мала масичка како и два потпирачи кои се склопуваат и им овозможуваат луѓето да уживаат на покривот како во елитните „руфтоп“ барови.

Компанијата откри само мал дел од ентериерот, но истиот се одликува со трим од егзотично дрво и пенал во седиштата базирана на растенија. Меѓу останатите карактеристики тука се ленениот и волнен тапацир и клупа за седење која може да се претвори во кревет со должина од 195 сантиметри и ширина од 145 сантиметри.

Клупата може да биде позиционирана внатре или надвор од возилото. Конкретно, постои позиција за „размислување“ според која клупата се протега до задната врата, додека „завесите обезбедуваат приватност и заштита од временските услови“. Исто така, постои и „пријатна“ позиција која создава атмосфера слична на лаунџ-просторија.

Интересно, комбето е дизајнирано да биде придружувано од „логистички контејнер“ кој што има бања, туш и позиција за електрично полнење. Замислено е да биде оставено на локација која е избрана од страна на камперите. Renault исто така предвидува и консиерж услуги кои би користеле дрон за испорака.

Иако Hippie Caviar Hotel e едноставно концепт, Renault веќе има „замислено да развива цел опсег на ВИП комбиња фокусирани околу корисничките услуги“.

Преземено од Avtoplus.mk