Renault – Nissan на прво место според продадени автомобили за 2017 година

24

nissan-885309_960_720Фото: Pixabay

Групацијата Renault – Nissan е на прво место според продадени автомобили во 2017 година, откако успеа да го премине претходниот рекордер Volkswagen AG, јавува Reuters.

Продажбата на Nissan достигна рекордни 5,82 милиони возила, додека француската компанија Renault оствари продажба од 3,76 милиони. Бројката на продадени автомобили на Mitsubishi се искачи на 1,03 милиони со што вкупната продажба на групата во 2017 година достигна 10,61 милиони лесни возила.

Трите производители заедно го надминаа рекордот од продадени 10,53 милиони возила на Volkswagen за 2016 година, којшто ги вклучува брендовите Audi, Skoda, Seat и Porsche и други.