Renault со добивка од 354 милиони евра

36

Renault објави 354 милиони евра нето добивка во првата половина од годината, откако претрпе загуба од скоро 7,3 милијарди евра во истиот период минатата година, поради прекините на производството во индустријата за време на пандемијата на коронавирус.

“Ваквите резултати го означуваат првиот чекор во нашиот пресврт, кој треба да се забрза со доаѓањето на нови возила кои се во подготовка“, рече извршниот директор Лука де Мео, кој е на таа позиција веќе една година.

Renault планира да отплати околу една петтина од петте милијарди евра заем што ги доби од француската држава до крајот на годината, изјави главниот финансиски директор Клотилде Делбос. Заемот е дел од владиниот грант за итни случаи што го понуди владата на почетокот на пандемијата на коронавирус.

Минатиот месец, Renault претстави амбициозна стратегија во производството на електрични возила, фокусирајќи се на нови, достапни верзии на своите мали автомобили од минатото, за да го достигне Volkswagen во овој брзорастечки сектор.