Рено ги зголеми финансиските изгледи за 2023 година

Акциите на автомобилската компанија Renault пораснаа за повеќе од седум отсто, откако ги зголемија своите финансиски изгледи за 2023 година, благодарение на успехот на новите автомобили, особено на Austral SUV и хибридниот Dacia Jogger.

„Рено Групацијата ја подобри финансиската позиција за годината, благодарение на постојаната работа на намалување на трошоците и промоција на производите, на ниво досега невидено во историјата на групацијата“, изјави извршниот директор Лука де Мео.

Групацијата, исто така, рече дека сега очекува готовинскиот тек на автомобилската работа да биде подобар од 2,5 милијарди евра (3,7 милијарди долари).